Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
Во близина на селото Стар Истевник, на македонско-бугарската граница, денеска целосно е локализиран и изгаснат шумскиот пожар кој избувна по удар од гром, информираат пожарникари од ТППЕ Делчево.
Во гаснењето на пожарот првпат заеднички учествуваа екипи од двете страни на границата – припадници на Територијалната противпожарна единица од Делчево, вработени од „Национални шуми“ – Подружница Голак, припадници на Граничната полиција, како и служби за гаснење од Бугарија.
- Пожарот се прошири по тешко пристапен терен. Со координирана акција и одлична соработка со екипите од Бугарија, истиот е ставен под контрола, изјавија од ТППЕ Делчево.
Од терен информираат дека навремената интервенција спречила понатамошно ширење на огнот и поголема штета врз шумскиот фонд.
Локалните власти ја оценија акцијата како пример за добрососедска соработка и повикаа на зголемена претпазливост во периодот на високи температури и грмежи.
МИА
Ново на Сител
-
Почнува реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Автобус на ЈСП се запалил во движење, го изгасил возачот но завршил во болница
-
Струга ќе добие Центар за аутизам, третманите ќе бидат бесплатни
-
Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Муцунски за критиките за „српски свет“: Ние сме македонски свет, Пендаровски за пет години имал девет средби со Вучиќ
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани