Изминатиов викенд направени 1426 сообраќајни прекршоци, уапсени 64 лица за безобѕирно возење

Во текот на изминатиот викенд (11/12.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 27 за возење без возачка дозвола, по еден возач за возење со брзина поголема од дозволената во населено место и возење со брзина поголема од дозволената надвор населено место, а еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.
Во истиот период одземени се 22 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 187 прекршоци за неправилно паркирање, како и 61 санкција за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 126 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 150 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.
Согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а седум заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
