Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
Израел денеска ја обвини палестинската исламистичка организација Хамас за две прекршувања на договорот за примирје и со тоа ја оправда забраната на раселените жители во јужниот дел на Појасот Газа да се вратат на север.
Арбел Јехуда, Израелка цивил, чие ослободување Израел го побара вчера, не е ослободена, а списокот во кој се наведува во каква состојба се заложниците планирани за ослободување во првата фаза не е поднесен, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Од Одделението за заложници во кабинетот на премиерот во врска со тоа денеска ги известиле семејствата на заложниците.
Израелските медиуми јавуваат дека се прават заеднички напори со САД за ослободување на Арбел Јехуда.
Во соопштението се додава дека се очекува „Хамас да постави препреки и да продолжи со маневри за психолошка војна на патот кон спроведување на договорот“, но дека Одделението за заложници е одлучно да обезбеди враќање на сите заложници, и живи и мртви.
Милитантите на Хамас вчера предадоа четири припаднички на израелската војска приведени во Газа, а Израел потврди дека за возврат ослободил 200 Палестинци од своите затвори како дел од договорот за прекин на огнот што стапи на сила минатата недела.
Тој ден, во првиот круг на размена, три млади Израелки беа ослободени во замена за 90 Палестинци кои беа во израелските затвори.
Во првата фаза од прекинот на огнот, кој ќе трае 42 дена, треба да бидат ослободени 33 заложници од Газа во замена за 1.900 Палестинци од израелските затвори.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со САД
-
АВМУ не додели платена реклама за Левица и ЗНАМ, Апасиев со претставка до Уставен
-
ДИК го затвори избирачкиот список – 1 832 415 избирачи имаат право на глас
-
Доставени уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти да се испитаат дали интервенциите биле направени без потреба
-
Регионална школа за срцева слабост
-
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК