Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар денеска одржа видео-конференција со странските амбасадори акредитирани во Израел и ги повика нивните земји да ги „прекинат сите врски“ со Иран.
Повикот дојде на четвртиот ден од војната против Исламската Република.
„По нападот на Иран врз сите свои соседи и по масакрот врз сопствениот народ, земјите од целиот свет мора да ги прекинат сите врски со оваа земја“, рече Саар.
Околу 60 амбасадори учествуваа на онлајн состанокот, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Израел и САД извршија воздушни напади врз Иран во саботата, при што беше убиен ајатолахот Али Хамнеи, кој владееше со Иран 37 години и ги предводеше безбедносните сили кои убија илјадници антивладини демонстранти пред само неколку недели.
Иран соопшти дека Црвената полумесечина убила 787 лица во израелско-американските операции. Исламската Република одговори со напади со дронови и ракети врз Израел и врз американските бази во арапските земји на Блискиот Исток.
МИА
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
