Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра
Компаниите во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во април годинава оствариле извоз од 300 милиони евра што е за осум проценти повеќе во однос на истиот месец лани и 21 процент повеќе во однос на април 2022 година, соопшти денеска ТИРЗ.
Редовната анализа на ТИРЗ покажува дека во првите четири месеци од годинава извозот од зоните е над милијарда и 120 милиони евра.
- Стабилен раст има и кај увозот кој во април е 270 милиони евра што е за 10 проценти повисоко од април 2023, односно за девет проценти повисоко споредено со четвртиот месец во 2022 година. Заклучно со април вкупно увозот достигна над милијарда евра. Поради ваквите економски движења има и позитивен сооднос на увозот и извоз од почеток на годината, информираат од ТИРЗ.
Дополнуваат дека продолжува и трендот на пораст на работните места кој во моментов е близу 18.100.
- Ова е за осум проценти повеќе споредено со април минатата година, а 25 проценти повеќе споредено со четвртиот месец во 2022 година. Во последниве седум години само во ТИРЗ се креирани близу 12.000 нови работни места споредено со речиси 6.300 до 2016 година. Просечната бруто плата заклучно со март надмина 1100 евра, стои во соопштението.
Овој тренд на економски движења во зоните, оценуваат од ТИРЗ, е особено позитивен ако се земат в предвид негативните трендови во европската економија кои се главни извозни дестинации, како и тоа дека една од компаниите поминува низ процес на реструктурирање на сопственоста, што влијае врз бројките на извоз и увоз, но и покрај тоа е регистриран раст. Се очекува дека по успешното завршување на овој процес, компанијата ќе продолжи да придонесува како и во изминатиот период.
-Позитивниот тренд на раст се очекува да продолжи и во следниот период поради зголемениот обем на склучени договори за инвестиции. Само во последниве три години во ТИРЗ се постигнати договори со вкупен обем од над милијарда евра кои креираат над 10.000 нови работни места, од кои дел веќе се реализираат, соопштува ТИРЗ.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
