Јанакиевски осуден за „Топлик“
Виновни се – така гласи пресудата за обвинетите во случајот „Сончев град“.
Поранешниот министер за транспорт, Јанакиески, заработи три и и пол години, а на затворска казна од три години, осуден е претседателот на комисијата, Томе Ѓурчилов. Останатите четворица обвинети како членови на комисијата која организирала продажба на земјиштето за елитната населба на Водно, осудени се на условни казни.
Според судот, сите ја злоупотребиле службната положба, а државниот буџет го оштетиле за над 1 милион евра.
Одбраната е незадоволна од пресудата и најави жалби. Велат, судството денеска го допрело дното.
Обвинителот Рустеми, негираше дека под притисок на Рашковски, дополнително била одредена финансиската штета. Ниту потврди ниту негираше дека имал средба со поранешниот генерален секретар на Владата.
Според обвинението, Јанакиески како министер за транспорт и наложил на комисијата да се продаде земјиштето за „Сончев град“, иако како што се тврди, сите знаеле дека локацијата има нерешени имотно-правни односи, па избраната фирма морала да го раскине договорот, а државата да исплати штета.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
