Јанев: Финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска во Скопје се обратил на отворањето на специјализираната обука „Транснационални финансиски истраги“, организирана со поддршка на ИЦИТАП при Министерството за правда на САД.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на обуката учествуваат претставници на надлежните институции и агенции за спроведување на законот, вклучително и Јавното обвинителство, со цел унапредување на знаењата, координацијата и меѓуинституционалната соработка во финансиските истраги.
Во своето обраќање, Јанев ја истакнал важноста на финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал, нагласувајќи дека вистинскиот удар врз криминалните структури е одземањето на нивната финансиска моќ и прекинувањето на незаконските текови на пари.
Обуката предводена од американски експерти, како што наведуваат од МВР, е насочена кон унапредување на капацитетите за откривање на перење пари, следење на прекуграничните финансиски текови, утврдување на потеклото на имотот и идентификување на вистинските сопственици, со крајна цел негово одземање.
Јанев ја нагласил и важноста на меѓународната соработка, размената на информации и заедничкото институционално дејствување, упатувајќи благодарност до Амбасадата на САД и ИЦИТАП за континуираната поддршка и партнерство.
МИА
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
