Јанева и Боки 13 повторно седнаа во судница
Случајот „Рекет“, повторно ги седна во судница поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски. Сега во предмет пред граѓанскиот суд, бизнисменот Орце Камчев, бара Јанева и Боки 13 да му ја вратат сумата од 1,5 милион евра.
Пред судот, Камчев сведочеше дека бил рекетиран од Јовановски, а во тоа му помогнала специјалната обвинителката.
„Средствата кои што ми беа изнудени и кои што ги барам како отштета, се мои сопствени средства кои што биле предавани преку други лица наведени во постапката, а за кои средства е потврдено дека се пренесени од мојата трансакциска сметка и за кои е платен данок“, изјави во судницата Камчев.
Додека тој детално објаснуваше како се одвивал рекетот, беше прекинуван од поранешната обвинителка.
„Халуцина човекот, Халуцинира. Поарно да чита, бидејќи вака многу халуцира“, дофрли Јанева.
Таа го искоментира и повеќечасновното судско рочиште.
„Нема цел ден да седиме со Камчев во судница, ние доаѓаме од затвор“.
Прашања за Камчев имаше и Јовановски.. Се интересираше кои политичари знаеле за наводниот рекет.. Јовановски пред судот кажа дека одбива да исплати штета, бидејќи не чувствувал вина за делото кое е осуден.
„Целосно го отфрлам оштетеното побарување. И покрај правосилната пресуда, ќе дојде момент кога ќе се утврди вистинската фактичка состојба“
За случајот „Рекет“, Јовановски и поранешната специјална обвинителка веќе ги издржуваат затворските казни.. Беа осудени дека од Камчев зеле 1,5 милион евра за тогашното СЈО да прекине истрага за бизнисменот.. По пресудата, Камчев бара двајцата осудени да му ги вратат парите.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
