Јапонија успешно лансираше прва ракета со погон на течно гориво

Јапонија денеска успешно лансираше ракета што користи за погон исклучиво течно гориво, објавуваат јапоснките медиуми повикувајќи се на Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA).
Ракетата утрово во 9:55 часот е лансирана од вселенскиот центар Танегашима во југозападниот дел на Јапонија, носејќи шест мали сателити во земјината орбита.
Лансирањето претходно беше одложено на два дена поради неповолни временски услови.
Ракетата од типот „Ха-3“ располага со три главни мотори на течно гориво, без дополнителни потисници на цврсто гориво. Според JAXA, станува збор за поедноставна конфигурација што е полесна и поевтина од другите верзии на ракетата.
Успешното лансирање претставува значаен поттик за јапонската вселенска програма по неколку неодамнешни неуспеси. Мисијата на ракетата „Ха-3“ во декември не успеа да постави сателит во орбита, додека првиот лет во март 2023 година пропадна откако не се активираше двигателот на вториот степен на ракетата.
Лансирањето на шестата ракета од типот „Ха-3“ дополнително беше одложено поради технички проблем откриен за време на минатогодишно тестирање на ракетните двигатели.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
