Јавна осуда од Комората на психолози за нападот и навредите на социјалните мрежи
Поттикнати од нападот и говорот на омраза насочен кон психолог, професионалец, истакнат хуманитарец, членка на Комората на психолози на Република Македонија, Комората има морална обврска јавно да го осуди овој инцидент, и сите на нему слични на социјалните мрежи.
Комората на психолози најостро го осудува секој облик на говор на омраза и родово засновано насилство, особено кога тие се шират преку интернет и социјалните медиуми. Он лајн просторот треба да биде безбеден и достапен на сите, без страв од закани, понижување, навредување и напади на било која основа.
Укажуваме дека родовото, родителското и професионалното навредување претставуваат сериозен облик на дискриминација и нарушување на основното човеково достоинство. Ваквите појави не само што ја повредуваат личноста, туку создаваат и штетни психосоцијални последици за заедницата во целина.
Апелираме на солидарност со погодените од несреќи, поддршка на жртви и нивна заштита од натамошно насилство. Заедно да создадеме култура на почит, еднаквост и одговорност на секој поединец. Заштитата на достоинството и безбедноста на секој човек е наша заедничка обврска!
Комора на психолози на Република Македонија
Ново на Сител
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува
-
Камерите ќе го зголемат бројот на казни за сообраќајни прекршоци
-
Тротоарите во Скопје непроодни од ѓубре, Општина Аеродром и Градот поднесоа кривични пријави