Македонија
26. September 2025 - 16:45

Камерите ќе го зголемат бројот на казни за сообраќајни прекршоци

Системот од камери кои ќе ловат сообраќајни прекршоци, ќе го зголеми бројот на предмети во судовите, смета експертската јавност. Се очекува дека дел граѓаните да одбијат ги платат паричните глоби, па постапката ќе заврши пред суд. Заради напливот на такви предмети, експертите работат на промени на неколку закони со кои се предвидува и одземање на возилото.

„Ние во моментов менуваме повеќе закони од аспект на „Сејф сити“ и би рекла дека треба во јавноста да се разбие заблудата дека веднаш на првиот прекршок ќе ги го одземат возилото. Меѓутоа, за повторници, за оние кои безобзирно управуваат возило со брзина над 120 од дозволената, веќе возилото се претвора во опасно орудие и тоа мора да биде одземено. Оној кој не сака да се придржува до основните правила во сообраќајот и не треба да биде воопшто учесник во него. Тука мислам и на пешаци, велосипедисти, електрични тротинети и возачи на било кое моторно возило“, изјави Проф. Д-р Гордана Лажетиќ, прет. на работна група за подготовка на Законот за извршување на санкции.

За подобрување на Законот за извршување на санкции, денеска дебатираа универзитетски професори, правната фела, првите луѓе на затворите и директорот на управата. Според последните податоци за 2023 година, скоро 70 отсто од затворениците биле лица што и претходно отслужувале затворски казни.

„Тоа значи дека ние имаме никаква или многу мала стапка на ресоцијализација. За пример ќе го земам затворот во Идризово, мислам дека имаме во одредени одделенија да неколку стотини затвореници опслужува еден човек за ресоцијализација. Има стандарди. Тоа треба да бидат 30 до 50 луѓе“, изјави Александар Пандов, Директор на Управа за извршување на санции. 

Со планираните измени на законите за системот „Сејф сити“, како и Законот за извршување на санкции, надлежните очекуваат поголема безбедност во сообраќајот и подобрување на условите во затворите.