Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
Јавниот превоз во Скопје утре ќе сообраќа по неделен возен ред поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
ЈСП СКОПЈЕ соопшти дека исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.
Утре дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19:30 часот е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
Воедно, информираат дека од понеделник, согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред.
МИА
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години