ЈОРСМ: Фатен осомничен извршител на разбојништва во продавници за брзи кредити во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за две одвоени разбојништва во продавници за брзи кредити во Скопје во август годинава, при што со закана со пиштол одзел над 85 илјади денари.
Како што информира Обвинителството, лицето кое се товари за кривични дела „Разбојништво“ според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, извесен период по настаните бил недостапен за полицијата, бидејќи избегал во Хрватска.
-Осомничениот 25-годишен скопјанец, на 15 август годинава извршил разбојништво во просториите на правно лице за брзи кредити во ГТЦ, од каде со закана со огнено оружје – пиштол кон вработената одзел пари во вкупен износ од 60.500 денари. Тој влегол во објектот и седнал на едно од столчињата за странки, а кога оштетената го прашала колку пари сака, осомничениот извадил пиштол и ѝ рекол да ја отвори касата. Вработената, исплашена за сопствениот живот, од фиоката ја извадила касата, ја ставила на бирото и ја отворила, па осомничениот ги зел сите пари кои биле внатре и избегал. Три дена подоцна, од објект на истото правно лице во Старата скопска чаршија, осомничениот на сличен начин, заканувајќи се со пиштол, го натерал вработениот да го отвори сефот и одзел 25.000 денари. Ја напуштил продавницата, упатувајќи се во правец на плоштадот „Македонија“. По пат го фрлил пиштолот од Камениот мост во Вардар, по што избегал во непознат правец. По настанот, осомничениот извесен период бил недостапен за органите на прогонот, бидејќи избегал во Хрватска, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Јавниот обвинител, ценејќи дека се уште постои висок ризик тој повторно и сега да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, но и веројатност да го повторува делото, од судијата на претходна постапка побарал да му биде определена мерка притвор.
МИА
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
