Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори

Младиот шахист Јован Вукашиновиќ од Струмица, ученик во шесто одделение во ООУ „Видое Подгорец“, постигна голем меѓународен успех, освојувајќи го првото место во својата категорија на престижниот шаховски турнир „Трофеј на Врњачка Бања 2026“, одржан на 8 ноември во Србија.
Јован триумфираше во категоријата шахисти со рејтинг до 1850 поени, во силна меѓународна конкуренција на турнир на кој учествуваа вкупно 293 шахисти од 40 држави.
За квалитетот на натпреварувањето говори и фактот дека меѓу учесниците имало 19 велемајстори, 29 интермајстори и повеќе од 50 фидемајстори.

Особено впечатлив е успехот на младиот струмичанец, кој во текот на турнирот успеал да победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори, шахисти со меѓународни титули и големо натпреварувачко искуство.
Со својата одлична игра, концентрација и стратегиско размислување, шестоодделенецот покажа дека може рамноправно да се натпреварува и да победува значително поискусни противници.
Овој резултат претставува големо лично достигнување за Јован, но и повод за гордост за неговото училиште, родниот град Струмица и македонскиот шах.
Со освоеното прво место и победите над титулирани шахисти, Јован Вукашиновиќ уште еднаш го потврди својот талент и потенцијал за нови успеси на меѓународната шаховска сцена.
Ново на Сител
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
-

Се обидувала да запали оган со бензин, 32-годишна жена заврши со тешки изгореници
-

Пријавено вознемирување во автобус во Скопје, жртвата е 20-годишна девојка
-

19-годишник од Радовиш ја нападнал својата баба, полицијата го приведе
-

Македонски Брод: Ја нападнал сопругата и барал да ја повлече пријавата за семејно насилство
-

168,7 килограми режан тутун запленети во Прилеп
