Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции
Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување санкции.
Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако на седница вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“.
За бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот на затвореникот. Осум дена притвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски очекува реакција од ЕУ за забраната на Менкиновски за влез во Бугарија
-

Со искуства од регионот ќе се јакне јавната служба
-

Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: Потребни се конкретни, но системски промени
-

Општините од Југоистокот со заеднички проект за почист воздух
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
