Македонија
18. October 2022 - 16:37

ЈСП утре на протест - Арсовска бара владата да го плати долгот, вработените чекаат плата

Различни организатори најавуваат два различни протести на ЈСП.. Градските власти велат претпријатието напладне ќе протестира пред влада, од синдикатот на ЈСП велат нивниот протест ќе се одвивал еден час претходно во станицата Автокоманда..

Проблемот со платите во ЈСП, градоначалничката го лоцираше во владата.. Должела 2 милиони евра за бесплатниот превоз на студенти и средношколци, па затоа протестот ќе се одвивал пред владината зграда..

И директорот на сообраќајното претпријатие на заедничка прес конференција со генералниот секретар на градската управа прстот го вперија во централната власт.. Ненавремената исплата го кочела нормалното работење на ЈСП..

Од Синдикатот пак велат, Владата не било место за нивниот протест..

Од синдикатот уверуваат дека штрајкот нема да гo остави Скопје без превоз, ама градските власти се заканија дека ќе нема автобуси ако државата не го плати долгот..

Од владата пак нема одговор дали ќе се подмири долгот кон ЈСП, пари за кои од градот Скопје велат се неопходни за вработените да земаат плата..

Во меѓувреме, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара итна седница за да се префрлат пари на Јавното сообраќајно претпријатите..

„Очигледно е дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарење, скопјани може да останат без јавен превоз“..

Според социјалдемократите, пак, вината за колапсот во ЈСП е во централната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка..