Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека на состанок со началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, и други високи офицери го разгледал воениот план за окупација на градот Газа.
„Тајмс оф Израел“ наведува дека не денешниот состанок беа наведени главните принципи на операцијата за освојување на градот Газа и други области од палестинската енклава, каде што Израел сè уште не добил целосна контрола, а овој план претходно неделава беше одобрен и од израелскиот безбедносен кабинет.
„Израел е решен да го победи Хамас во Газа, да ги ослободи сите заложници и да ја заврши војната“, рече Кац во соопштение од неговиот кабинет.
Тој додаде дека „ИДФ (Израелските одбранбени сили) ги мобилизираат сите свои сили и се подготвуваат да ја спроведат одлуката на кабинетот со голема сила“.
„Ќе дејствуваме како една тупаница сè додека мисијата не биде завршена“, рече Кац.
МИА
Ново на Сител
-

Г7 свикува итен состанок за нафтата по падот на берзите
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе се сослушуваат сведоци на обвинителството
-

ОЈО Битола откри шема на измами со лажни сообраќајки по кои од граѓаните биле извлечени над 60.000 евра
-

Одбележување 83 години од депоратацијата на 7144 македонски Евреи
-

Минусна утринска температура во Берово и Попова Шапка
-

Турција го продолжи периодот на откажување летови до голем број дестинации на Блискиот Исток
-

Трамп: Краткорочниот скок на цената на нафтата е мала цена што треба да се плати за светскиот мир
-

По успешната евакуација од Дубаи, во вторник се очекува уште еден авион од Емиратите, се работи и на извлекување наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт
