Кац: Израел го напаѓа Техеран директно со „stand-in“ муниција по воспоставувањето воздушна надмоќ

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелските воздухопловни сили го напаѓаат Техеран со „stand-in“ муниција, што подразбира бомби исфрлени директно над нивните цели.
– За прв пат во операцијата „Рикачки лав“ (Roaring Lion), воздухопловите оперираат во ’stand-in‘ режим на небото над Техеран во моќен удар против целите на режимот и репресијата – изјави Кац.
Во вчерашните израелски напади врз Техеран било користено „stand-off“ оружје, кое се лансира од далечина и генерално има помали боеви глави.
Способноста за лансирање „stand-in“ бомби доаѓа откако војската соопшти дека воспоставила воздушна надмоќ и го „отворила патот кон Техеран“.
Кац вели дека сега во Техеран ќе се случуваат „континуирани моќни удари“.
Терминот „stand-in“ во воената терминологија означува напади извршени од внатрешноста на непријателскиот воздушен простор, додека „stand-off“ означува напади од безбедна оддалеченост надвор од дострелот на непријателската одбрана.
МИА
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
