Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
Опозицијата е на иста линија со владата за нападот врз Иран. Опозицискиот лидер на денешната прес конференција им даде поддршка на САД потенцирајќи дека според него и во Македонија владеел режим
Според Филипче добро е што Претседателката го свикала Советот за безбедност испраќајќи порака сите разговори да се прават во координација со сојузниците од НАТО
Вчера Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јасно порача дека земјава е на страната на својот стратешки партнер
„Стоиме со нашите американски сојузници во соочувањето со заканите кои ја поткопуваат стабилноста на Блискиот Исток. Соединетите Американски Држави јасно укажаа дека дипломатијата е секогаш прва опција, но дека одвраќањето останува неопходно кога постојат кредибилни ризици“, истакна министерот Муцунски.
Тој вчера попладне оствари и телефонски разговор со израелскиот шеф на дипломатијата Гидеон Сар во кој како што информираше македонскотто МНР, била реафирмирана поддршката за координираните напори на САД и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
