Македонија
14. April 2022 - 17:31

Кацарска со апел до пратениците: Почитувајте го Уставот

Се запали црвеното светло во Уставен, тврди претседателката на судот, Добрила Кацарска.  Бара, Собранието итно да избере судии, бидејќи било спречено оценувањето на уставноста на законите кои се носат.

„Сега веќе се работи за голем број на предмети, преку 30 и состојбата во Уставниот суд е веќе алармантна. Јас верувам дека пратениците го познаваат Уставот, верувам дека ја знаат содржината на член 51 според кој, секој е должен да ги почитува уставот и законите. Токму затоа би им порачала на пратениците, почитувајте го уставот“, изјави Добрила Кацарска, Претседател на Уставен суд.

Испразнетите судиски места во Уставен треба да ги пополни собраниската комисија за избори. Засега, пратениците немале предлози за уставни судии вели претседателката на комисијата Марија Ѓорѓиевска.

Од почетокот на годинава Уставен работи со помалку судии, па носењето одлуки се прави само ако има единство меѓу петтемина судии.