Македонија
30. July 2025 - 12:27
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор и ова лето останува болна тема. Зголемениот обем на работа повторно го исплива на површина проблемот. Заминуваат капацитети, стручни обучени кадри на сезонска работа поради двојно или тројно повиските плати, но и подобрите услови за работа.
Се повеќе луѓето го избираат угостителството како хонорарна работа,во нивното слободно време,за викенд покрај нивната примарна работа. Потребен е квалитетен стручен кадар кој ќе може да одговори на потребите на потрошувачот.
Увозот на работници се покажа како неуспешен. Добрите познавачи од областа на туризмот велат мора да се изнајде начин како да се задржат младите во овој сектор.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->