Кафе-дебата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“

Европското движење во Република Северна Македонија и Градот Скопје денеска организираат кафе-дебатата на тема „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“.
Кафе-дебатата се организира по повод одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа, како и во насока на афирмирање на активностите и подготовките Скопје да се претстави како Европски град на културата во 2028 година.
Како што е најавено, настанот ќе обедини претставници од културниот и јавниот живот, академската заедница, уметници, архитекти, истражувачи и јавни дејци кои ќе дискутираат за културното наследство на Скопје, современата културна сцена и визијата за идниот културен развој на градот.
Дел од говорниците на дебатата се градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оперската дива, Ана Дурловски, универзитетската професорка и социолог на културата, Антонела Петковска, Рисима Рисимкин, уметник и кореограф, Никос Чаусидис, историчар на уметноста, и Митко Хаџи-Пуља, архитект.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Mакедонскиот јазик мора да биде франка лингва во правосудниот систем
-

Нов модел на студентско стипендирање
-

Гужви во пунктовите за имунизација со деца од градинки кои не примиле МРП вакцина
-

Светска недела за подигнување на свесноста за малнутриција
-

Ветеринарните друштва преку мирен протест предупредија дека секторот е пред колапс
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
-

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Алта банка
