-->
-->
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана
-->
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Ј.(38) и С.Ш.(42), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“.
На 08.09.2025, полициски службеници извршиле претрес во објект и помошни простории во с.Добридол, кои ги користела пријавената С.Ј., при што пронашле и одзеле две поголеми и едно помало пакување со марихуана.
Истиот ден бил извршен и претрес во домот и други простории кај пријавениот С.Ш.(42) во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени 34 пакувања со марихуана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија
-
Македониумот под вода, Љутков најавува реконструкција
-
Мицкоски: Во културата имаме историски инвестиции
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје