-->
-->
Кај шофер во службено возило на здравствен дом Берово пронајдена дрога
-->
На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови" во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен Б.Р. (29) од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата, по што е известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа