Како изгледа Скопје ден по невремето?
Звукот на моторните пили и остатоците од паднатите покриви сведочат за невремето кое вчера попладне го зафати Скопје. Центар, Аеродром, Кисела Вода се општините каде ветерот со брзина од 70 километри на час предизвика најголеми оштетувања. Настрадаа автомобили, беа поплавени подруми, вода навлезе и во владата, неколку министерства, училишта, градинки.
Во невремето се поврдени и две лица кога врз нивниот авбтомобил паднало дрво. Загрзоен бил животот и на 20тина лица во поплавени подвозиници. Службите добиле над илјада повици за санирање на штети од поплавите.
Од синоќа градските и општинските власти работат на расчистување на штетите од невремето. За брзо санирање, градоначалниците денеска на заеднички состанок со првиот човек на градот на Скопје ги координираа активностите за нормализирање на состојбата.
– Сите екипи и денеска се мобилизирани на терен, се интервенира на сите локации погодени од силното невреме, а штетите се санираат. Екипите остануваат подготвени а приоритет во расчистувањето имаат приодите кон критичните места во градот, истакнуваат градските власти. Истовремено, и локалните власти со сите ресурси работат на терен.
Полни раце работа имала и противпожарната бригада. Евакуирале луѓе од поплавени возила, испумпувале вода од подрумски простории.
Поројниот дожд го поплави и трговскиот Ист Гејт, вода навлезе во дуќани, а поплавени беа и возилата во подземната гаража. Менаџемнтот информира дека објектот ќе остане затворен до расчистување на последните од елементарната непогода.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
