Катица Јанева се вработи кај нејзиниот син, секој ден излегува од затвор па се враќа
Катица Јанева доби привилегија со која од неодамна секој ден излегува од затворот ,,Идризово” и оди на работа, а потоа се враќа назад зад решетки. Ова е овозможено бидејќи одлежа поголем дел од казната, речиси пет години од досудените седум.
Информацијата за ,,Фокус” ја потврдил Јовица Станковиќ, директор на Управата за извршување на санкциите. Тој појаснува дека Јанева се уште не ја издржала затворската казна, туку оди на работа.
Поранешната обвинителка работи во адвокатската канцеларија на својот син, Лазар Јанев. Оваа информација денеска ја откри самата Јанева, споделувајќи ја на социјалната мрежа фејсбук.
Таа беше уапсена како осомничена во „Рекет“ на 21 август 2019 година, по што беше во притвор, а по досудената затворската казна од 7 години беше преместена во ,,Идризово''.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење