Казнети 46 возачи на електрични тротинети
Во текот на вчерашниот ден (06.08.2025), во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи евидентираа вкупно 698 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.
Така, по основ на одредби од ЗБСП, односно заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 182 прекршоци, за неправилно паркирање 197 санкции, додека пак 64 учесници во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.
Покрај ова, вчера за 27 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 24 возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, а изречени се 49 мерки за возачи на мотоцикл заради неносење заштитен шлем.
Дополнително, евидентирани се шест случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 46 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети за сторени сообраќајни прекршоци и се соочени со законски предвидените глоби, додека пак од сообраќај се отстранети осумина возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.
Согласно пак Законот за возила вчера беа изречени четири прекршоци по основ на технички неисправни возила и 11 по основ на возила коишто не биле регистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати
-
Албанезе: Нетанјаху негира хуманитарна криза во Газа, ние ќе ја признаеме Палестина
-
ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина
-
Црна Гора побара помош од НАТО за гаснење на пожарот
-
Мицкоски и Алиу во посета на реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Клиника за урологија
-
Почнува полагањето државна матура во августовскиот рок, пријавени 1118 ученици
-
Сончево и многу топло, температура до 40 степени
-
Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина