Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
Разрешената директорка на средното училиште во Демир Хисар, денеска заедно со нејзиниот адвокат отишле на информативен разговор во полиција, но отаму ги вратиле со прашањето Кој ве викна?
Иако адвокатот Стевановски вели, дека во петокот вечерта кога го правеа претресот во домот на директорката началникот дури зборувал на телефон им рекол во вторник да дојдат, денеска им рекле случајот да се води како самите да се пријавиле, па откако адвокатот одбил ги повикале утре на разговор.
Полицијата отишла и во училиштето, по пријавата на адвокатот дека директорската просторија е обиена барајќи печати. Таму била и новата директорка. Полицијата на адвокатот Стевановски и разрешената директорка Лозановска им побарала да се легитимираат, иако според Централниот регистар Лозаноска се уште е директорка на училиштето.
Тие поднесоа и кривична пријава за самовластие, зашто директорката Лозановска уште не добила решение за разрешување, а новата директорка влегла во училиштето.
Во петокот вечерта полицијата вршеше претрес во домот на директорката Лозаноска барајќи ги печатите. Началникот се обиде да ја однесе на информативен разговор, како што кажа и на носилки иако таа беше на боледување, без да има налог за тоа.
По бурните реакции, МВР го отстрани од началничката функција и поведе дисциплинска постапка за него, а за директорката имало основи на сомневање за кривично дело одземање печат и службени документи.
Претходно, градоначалникот ја имаше разрешено Лозановска, бидејќи според решението на просветниот инспекторат имало нерегуларности во нејзиното работење. Според разрешената директорка и нејзиниот адвокат, станува збор за партиски притисок, а печатите се барале за пред распишување на изборите да биде назначена новата директорка и да се вработат наставници.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар