Македонија
24. November 2025 - 16:35

Кедев - Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех

Повеќе од три децении спасува човечки животи како лекар впишувајќи се како лидер и пионер во развојот на интервентната кардиологија во земјата а за период  од 20 години успеа да ги искачи највисоките врвови во светот над 8 000 надморска височина. Претседателката Гордана Силјановска Давкова зборувајќи за биографијата на Сашко Кедев, кажа дека освен неговите достигнувања во медицината и алпинизмот надополнети со меѓународната афирмација на државата е заслужен да го добие орденот 8-ми септември. 

- Ако во медицината д-р Кедев ги достигна највисоките професионални и хумани височини, тогаш во алпинизмот буквално ги освои највисоките врвови во светот, и тоа не во младешките денови на бунтовник без причина туку во срелата доба како бунтовник со цел, изјави Гордана Силјанова Давкова, претседател на Македонија

Само 50 до 60 алпинисти во светот успеале да ги искачат светските врвови над 8 000 метри надморска височина. Меѓу нив е и д-р Сашко Кедев. 

- Тоа го сметам за национален успех, мајмалку мој успех, бидејќи можеби најголема движечка сила што ми даде енергија да ги надминам сите тие тешкотии е токму тоа – да го однесам македонското знаме, посебно македонското име на сите врвови, изјави д-р Сашко Кедев, интервентен кардиолог. 

При доделувањето на признанието беше наведено дека Кедев има објавено над 230 трудови со импакт фактор а во интервентната кардиологија вовел иновативни техники и методи.