Македонија
1. July 2018 - 16:31
Километарски колони од и кон Грција
На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е до 50, односно 30 минути.
Од дежурната служба на ГП Богородица велат дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но оти застојот е од грчка страна и засега не се познати причините. Поради тоа побавно се пропуштаат возилата и се чека 45 до 50 минути, велат од дежурната служба и додаваат дека очекуваат со таквиот проток на сообраќај за половина час двете граници да бидат споени со возила.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
