Кина поставува своја мрежа интернет-сателити

Компанијата „Шангај спејском сателитска технологија“ (СССТ), во сопственост на Кинеската влада, успешно ја постави првата низа сателити што ќе бидат дел од предвидената кинеска констелација на интернет-сателити. Овој проект би можел да претставува соперништво на сателитската мрежа „Старлинк“ на „Спејс-Икс“ од САД што денес има монопол во оваа индустрија и технологија.
Низата сателити е само дел од едно поголема мрежа што има за цел да обезбеди пристап до интернет речиси насекаде ширум светот. Лансирањето се случи од центарот „Таијуан" во провинцијата Шаншји во источна Кина.
Иницијативата е дел од планот на „СССТ“ познат како „Г-60 Старлинк план“, претставен минатата година со цел да испрати околу 15.000 сателити во ниската орбита на Земјата. Нискоорбитните сателити се движат на надморска височина меѓу 300 и 2.000 километри над површината на Земјата и нудат економични и ефикасни способности за пренос во споредба со сателитите во повисоките области. Оваа година треба да бидат поставени вкупно 108 сателити, а до крајот на 2025 година 648 такви уреди. Целта е да се воспостави глобална мрежна покриеност до 2027 година.
Старлинк на „Спејс-Икс“ во мигов има околу 5.500 сателити во орбитата и обезбедува интернет-услуги за илјадници корисници во САД. Во тој контекст, според познавачи, се претпоставува и дека постои технолошко-геополитичко надмудрување околу воениот судир во Украина, и потенцијалната безбедносна закана што „Старлинк“ би можел да ја претставува за Кина.
Тој „светски натпоревар“ за долната орбита на Земјата може да има значителни воени импликации. Доминацијата можеби би влијаела на рамнотежата на силите вклучени во одредсен судир. Амбициозните планови на „СССТ“, исто така, се доказ за посветеноста на Кина да стане главен играч во подрачјето на ниската орбита на Земјата.
Ново на Сител
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
