Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината
Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана првата земја што тоа го прави од 1970 година.
Ракетата наречена „Long mart -5“ беше лансирана синоќа по локално време, (рано утринава во средноевропско) од островот Хаинан, јави „Ројтерс“.
Мисијата „Чканг Е-5“, именувана по античката кинеска божица на Месечината, ќе собере материјал од Месечината за да им помогне на научниците да дознаат повеќе за потеклото и формирањето на Месечината.
Доколку мисијата биде успешна, Кина ќе биде третата земја што ќе врати примероци од Месечината, по САД и Советскиот сојуз.
Вселенското летало се очекува да ги врати примероците на Земјата за 23 дена, а Кина минатата година го имаше своето прво беспилотно слетување на Земјиниот сателит.
Кина годинава лансираше сонда кон Марс, а во 2022 година планира да има постојан човечки екипаж во вселената.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
