Македонија
11. September 2025 - 14:06

Кинез починал на лице место во фабрика во Кавадарци откако бил удрен од кран

На 10.09.2025 во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.