Ќе добијат ли трајно вработување здравствените работници со договор на дело?
Ќе добијат ли новогодишна честитка трајно вработување здравствените работници кои со години работат со договор на дело или после Нова година ќе останат дома? Владината одлука ја чекаат околу 2000 сестри, лаборанти, технички кадар ангажирани во болниците и клиниките за 12.000 денари и без здравствено осигурување. Од Унијата на медицински сестри предводени од здружението “За нас” апелираат дека крајно време е да се реши овој како што велат срамен и нечовечки проблем во здравството.
- Таа неизвесност во која се овие сестри во болниците со години наназад и која ги носи до нареден договор преку агенциите за вработување е една од големите причини поради кои сестрите си заминуваат. Конечно еден од големите проблеми за кој постојано зборуваме е ставен на дневен ред. Не можеме да сес ложиме со тоа дека недостигаат финансии за недостатокот на сестри во болниците. Овие сестри се ангажирани со договор на дело и се бројат во бројките, соп нив сме со 50 отсто недостаток. Јас апелирам овој статус договор на дело повеќе да не постои, изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседател на здружението „За Нас”.
Од здружението бараат да се најде начин и како да им биде верификуван 5-6, а на некои и повеќегодишен труд со без здравствено ниту пензиско осигурување. Тие ја подржуваат иницијативата на министерот за здравство кој инсистира здравствените работници да добијат решенија на неопределено, но пречка има од министерството за финансии. По жолчната расправа минатиот вторник на Влада, Меџити најави дека и на денешната седница ќе биде упорен во намерата да се трансформираат договорите на дело во трајно вработување.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар