Ќе им ги врати ли државата парите на граѓаните кои платиле казни за непочитување на Ковид мерки?
Ќе ги обештети ли државата илјадниците граѓани кои беа казнети за непочитување на Ковид мерките по примерот на Словенија. Таму оваа недела стапува на сила законот за враќање на парите на сите кои биле санкционирани поради коронавирусот. Ова беше предизборно ветување на Премиерот Роберт Голоб, а проценката е дека за повеќе од 2 години словенечката полиција санкционирала над 60.000 лица, а во буџетот влегле 6 милиони евра. Парите ќе ги добие назад и младиот доставувач на храна чија фотографија го обиколи светот. Тој заработи 400 евра казна зошто не носел маска, бидејќи бил гладен и јадеше бурек на скалите од црква.
Прашавме во Владата дали и кај нас се размислува за ваква иницијатива и носење уредба со која ќе им се вратат парите на граѓаните , но одговор не добивме.
Според достапните податоци, кај нас граѓаните најчесто беа казнувани поради не носење маски. Само во 2021 година полициските службеници изрекле над 194.000 вакви санкции од 20 евра, доколку беа платени за 8 дена, сумата се преполовуваше. Ако речиси и сите да платиле толку, во буџетот биле слеани речиси 2 милиони евра.
Поголеми казни од 500 па до над 2000 евра беа изрекувани за движење во полициски час и не седење во изолација, но пролетта собранието донесе закон за амнестија и над 1200 граѓани во социјален ризик се спасија од затвор.
Но, засега останува отворено прашањето дали и за останатите кои веќе платиле државата ќе ја исправи не правдата?
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар