Ќе има ли утре избор на нови пет обвинители?
Советот на јавни обвинители, утре во полн состав ќе ги избере петтемина обвинители кои ќе гонат криминал и корупција. Првиот човек на советот, Антонио Јолевски, уверува дека сите членови ќе учествуваат на седницата и нема да се повтори минатонеделната слика кога изборот пропадна поради отсуство на тројца членови.
Во трка за петте испразнети места, има десетмина обвинители. Од советот велат непотребно е да се шпекулира кои од кандидатите во иднина ќе гонат криминал и корупција. Сите имале еднакви шанси.
Пред месец и половина истече мандатот на петтемина обвинители, па тие повеќе не можеа да ги застапуваат предметите.. Дел од судењата се одложуваа, а на дел обвинителите без мандат, беа придружувани од нивни колеги.. Зад некои предмети застана и шефицата на одделението кое гони криминал и корупција.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
