Македонија
9. October 2022 - 21:16

Ќе имаат ли ефект мерките, дали помошта ќе ја ублажи сиромаштијата?

Не само дел од пензионерите и ранливите категории граѓани, туку и работниците со ниски примања да добијат помош од државата.. Сојузот на синдикати е незадоволен што владиниот пакет мерки не ги опфаќа над 100те илјади вработени кои земаат минималец од 18 илјади денари..

Иако ограничен период, од Сојузот на пензионери велат дека поддршката за оние со најниски пензии, ќе го подобри нивниот животен стандард.. Појаснуваат дека нивни бил предлогот државата да им помогне на лицата со ниски пензии..

Во меѓувреме, и стопанството очекува помош.. Последните најави се дека мерките за компаниите ќе бидат објавени до крајот на месецов.. Денеска пак владата ги понуди да користат поволни кредити и консултантски услуги за проекти во енергетската ефикаснот и обновливи извори на енергија.