Ќе продолжи ли за два дена учебната година за основците поради двојните избори во среда?
Дали учебната година за основците ќе биде продолжена за уште два дена, и наместо на 17-ти да заврши на 19-ти јуни поради двојните избори во среда на 24 април и 8 мај кои ќе бидат неработни денови? Термините за изборите кои дополнително беа закажани не се опфатени во пролетниот распуст на децата од 29 април до 6 мај, а согласно законот за основно образование учениците треба да имаат 180 наставни денови. Министерот Јетон Шаќири најави дека за ова дополнително ќе се одлучува на Владина седница. По барање на средношколците за нив годината ќе заврши на 10 јуни за да имаат доволно време да се подготват за факултет.
-Ќе ги разгледаме опциите и каква одлука ќе донесе Владата ќе бидете навремено информирани, изјави Јетон Шаќири, министер за образование.
Министерот за образование денеска ги промовираше измените во законите за средно и стручно образование и обука меѓу кои новината е воведување академски испит за учениците во стручните училишта доколку сакаат да се запишат на факултет.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар