Македонија
9. May 2022 - 16:32

Ќе успеат ли родителите да спречат детското игралиште да отиде во рацете на приватна фирма?

Во дворот на основното училиште Киро Глигоров во Капиштец нема да се гради никаков објект. Ова го тврди директорката на училиштетоп во писмена изјава за медиумите, ден откако родители на деца излегоа на протест со барање игралиштето да остане на децата од населбата, а не со него да управува приватна фирма.

- Изнајмувањето на игралиштето е предвидено само по неколку часа во работни денови и само на фудбалското игралиште, додека останатиот дел од училишниот двор останува отворен за децата и родителите, стои во писмената изјава од директорката на ОУ Кочо Рацин.

Таа тврди дека целата постапка за изнајмување на игралиштето на приватна фирма била транспарентна и согласно законите, а одлуката била донесена од училишниот одбор во кој имало и претставници од Совет на родители. Согласност дал и претходниот градоначалник на општината.

Групата родители пак кои вчера протестираа ќе бараат помош од актуелниот градоначалник за раскинување на договорот за изнајмување на игралиштето, но средбата ќе се одржи по неговото враќање од службен пат.