Македонија
9. October 2022 - 16:35

Климатските промени влијаат на пчеларството

Климатските промени  и загадениот воздух сериозна закана за пчеларството.Резултатот од  овие негативни влијанија е изумирање на пчелните семејства и намалување на производството на мед, но и другите пчелни производи, реагираат пчеларите. Велат, во последните неколку години производството е во постојан пад и во просек годишно бележи намалување за околу десетина проценти.

За ублажување на проблемот, пчеларите апелираат до институциите за воведување на мерки и поголеми контроли на загадувачите на воздухот. Очекуваат и поголема поддршка од државата, не само во субвенциите што ги добиваат,  туку и во едукација за примена на новите технологии.

Дополнителен  проблем за пчеларите претставуваат и фалсификаторите на мед за кои велат дека во последно време се почесто ги има. Бараат поголема ажурност од надлежните инспекции  и санкционирање на сите кои на пазарот пласираат лажен мед. На граѓаните им советуваат медот да го купуваат само од познати пчелари на кои тоа им е дејноста.