Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
Владата пружи максимална поддршка на семејствата на повредените и загинатите во пожарот во Кочани и ќе продолжи да го прави тоа. Од Буџетот на државата се одвоени 30 милиони денари, и се додека трае процесот на закрепнување државата ќе прави и ќе даде се од себе за овие лица да продолжат нормално понатаму со својот живот, истакна вечера во телевизиско интервју директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски.
-Поделени се на сите семејства по 150 илјади првично помош, после тоа имаше нови 150 илјади на одредени семејства и сега последната транша на поделени пари беше од онаа анализа којашто ја направија стручните лица, медицинските лица, на кој колку додатно би му требале трошоци за долекување. Она што ние го одвоивме како средства директни од државата се почетни 30 милиони денари од резервите на Буџетот на државата коишто беа наменети за транспорт и сместување на лицата коишто се во поддршка на лицата коишто се на лекување во странство, рече Томовски.
Државата, истакна тој, овозможи транспорт на лицата од Македонија до дестинациите каде што беа.
- Ве убедувам дека се додека не заврши овој процес до крај, додека не ги излечиме и не ги ставиме во нормала на функционирање овие лица ќе ги помага државата и ќе прави се од себе за да можат овие лица да продолжат понатаму со својот живот, рече Томовски.
Одморалиштето Пониква е спремно и со сите соодветни услови.
-Еден таков пример е одморалиштето во Пониква кадешто обезбедени се соодветни услови, првата група ќе биде во понеделник околу 30 лица. Има различни барања има чести јавувања она што го прави координативното тело од Влада ги примаат тие повици и често одржуваме состаноци гледаме што е можно решливо во моментот, се пружи секоја можна помош којашто може да се пружи, Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток сега и ќе остане така, рече Томовски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев