Македонија
20. јуни 2025 - 12:25

Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор

Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, кој е обвинет за злоупотреба на положбата и несовесно лекување на пациенти, бара да му се укине куќниот притвор. Денеска пред совет од тројца апелациони судии рече дека очекува фер судење, а побара и укинување на домашниот притвор кој пред еден месец му го одреди кривичниот суд.

„Бараме чесно судење, барам достапност да одам во суд. Значи сакаме да се браниме во постапката“, изјави Нино Васев.

Укинување на мерката домашен притвор, Васев бара и преку својот адвокат. Одбраната пред судиите истакна дека тој во текот на целата постапка активно соработувал со институциите, а како што рече адвокатот Никоа Ставрев, се појавил и на расправа во собранието по откривање на случајот, за како што рече, Васев да го обели својот образ.

Тврди дека неговиот клиент нема да побегне бидејќи и досега бил достапен заорганите на прогонот, бил ситуиран, а имал и статус во општеството.

Вавките трврдења се неприфатливи за обвинителството. Бараат домашниот да му биде заменет со ефективен притвор. Извесно било дека Васев ќе биде осуден, па постоела опасност од бегство или криење. Одземанта патна исправа не била доволна гаранција дека тој од домашен притвор не може да излезе од државата бидејќи како што рече јавноата обинителка Фатиме Фетаи, постоел граници кои се минуваат и со лична карта.

Укинување на домашниот притвор бара и економскиот директор Нехат Нухи, кој заедно со Васев е обвинет за злоупотреба на положбата. Двајцата се гонат за повеќе кривични дела, како проневера во службата, измама и несовесно лекување. Двајцаа завршија во домшане притвор откако минатиот месец заедно со обвинението за нив беше побаран и ефективен притвор.

Предлогот до одбие кривичниот суд, па од 23 мај, Васев и Нухи се во домашен притвор. Дали ќе им биде укината таквата мерка, или заменета со пострага, одлуката, апелационот суд ќе ја објави дополнително.