Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
Двајцата поранешни директори на Онкологија одат во притвор. Ова следи по денешната јавна седница во Апелационит суд на која Нино Васев и Нехат Нухи ги соочија аргументите со вишото јавно обвинителство. Двајцата обвинети бараа укинување на куќниот притвор, а обвинителствоот предложи ефективен. Постоела опасност дека тие може да побегнат бидејќи извесно било дека ќе добијат осудителни пресуди.
Аргументите на Васев и Нухи не ги убедиле судиите, па Апелација одлучи двајцата да одат во притвор.. Следните 30 дена ќе ги поминат во истражниот затвор во Шутка.
На јавната седница, поранешните директори на Онкологија тврдеа немаат намера да бегаат. Во текот на целата истрага соработувале со институциите, а за да го обелат својот образ оделе и на расправата во собрание по отворање на случајот. Васев беше краток во својот говор пред апелационите судии, тивко рече дека очекувал фер судење, па неопходно за тоа, било да се брани од слобода.
„Бараме чесно судење, барам достапност да одам во суд. Значи сакаме да се браниме во постапката“, изјави Нино Васев.
Судењето за Васев ќе почне на 11ти идниот месец. Заедно со уште тројца доктори обвинети се дека користеле несоодветна терапија, а дел од пациентите и воопшто не ја добивале. Присвојувале и лекови па државниот буџет го оштетиле за над 35 милиони евра.
Нухи пак како организационен директор заедно со Васев се опхатени со друго обвинение.
Се товарат дека двајцата како раководни луѓе на клиниката ја злоупотребиле положбата при набавка на лекови.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар