Кога шесттооделенците ќе добијат учебници?
Министерот тврди дека учебниците за шесто одделение биле доставени во училиштата вчера, но децата се уште ги немаат во своите ранци. И по речиси два месеци од почетокот на учебната година продолжува сагата на шестоодделенците кои во меѓувреме учат од копирани материјали. Неговите најави дека учебници ќе има до крајот на септември, па до почетокот на октомври, Шаќири ги правда со графичко -технички проблеми и доцнење на наставните програми од страна на Бирото за развој на образованието.
- До вчера во Скопје, според информациите што ги имам, се доставени учебниците за шесто одделение, соопшти, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Доколку до крајот на ноември БРО не ги достави наставните програми, истите деца кои сега се шесто и се опфатени со новиот концепт и догодина ќе се соочат со доцнење на учебниците.
- Кога стигнуваат навреме програмите, стигнуваат навреме и учебниците. Доказ за тоа се учебниците за трето одделение, вели Шаќири.
За учебникот по историја и општество за петто кој беше повлечен во мај поради грешки во содржината министерот вели дека бил формиран нов авторски тим, но проблем е што историчарите од универзитетите не сакаат да го рецензираат.
Инаку од вкупно 126 учебници за предметите во основно на почетокот на школската година МОН не обезбеди 34 проценти од. Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ поднесе претставка до Народниот правобранител, а прва тужба за дискриминација најавија од Комсијата за спречување и заштита од дискриминација.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар