Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри

Автобус што превезувал ученици на матурска екскурзија се урна во клисура длабока 80 метри во Колумбија.
„Повеќе од дванаесет лица“ ги загубија животите, наведе гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја. Околу 20 лица се повредени.
Без да наведуваат извори, медиумите објавија најмалку 16 загинати.
Учениците од 11-то,последно, одделение се враќале од одмор на плажа на карипскиот брег во Бело, во близина на Меделин, кога се случила несреќата. Според извештаите на медиумите, во автобусот што паднал во клисурата во рурална област недалеку од Сеговија имало околу четириесет патници.
Повредените се пренесени во болница. Според официјалните информации, повеќето од нив се на возраст меѓу 16 и 18 години.
„Денеска е тажен ден за Антиокија“, рече гувернерот.
Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата истражува што довело до несреќата.
МИА
Ново на Сител
-

Албанската министерка за Европа во официјална посета на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

СДСМ: Мигранти за пари во Македонија
-

ЕУ средства за прекугранична соработка за развој на турзимот
-

Бањата од римскиот период во Банско ќе добие заштитна конструкција, средствата обезбедени од ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
