Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин станува сè поневнимателен, поопасен и посклoн кон ризици како што се одолговлекува војната во Украина и истовремено се обидува да ги подели западните сојузници, изјави синоќа заменик-командантот на НАТО во Европа.
Командантот на британските Кралски воздухопловни сили, сер Џон Стрингер, имаше свое обраќање на безбедносна конференција во Естонија што се одржува во услови на предупредувања од некои европски лидери дека Москва планира да ја тестира колективната одбрана на НАТО со посмели напади, кои веќе вклучуваат саботажа и шпионажа.
Стрингер предупреди дека членките на НАТО треба да бидат свесни за „напнатото опкружување“ и внимателно да одмерат како ќе одговорат, бидејќи Путин би сакал да ја испровоцира Алијансата на „прекумерна реакција“.
Полскиот премиер, Доналд Туск, минатата недела изјави дека Русија би можела да цели кон земји-членки на НАТО со напади со дронови или ракети, под изговор дека биле случајни. Францускиот претседател, Емануел Макрон, се согласи и побара од својата влада да подготви план за заштита на клучната инфраструктура од напади со дронови и кибер-напади.
Други европски функционери велат дека заканата од Русија е сериозна, но повикаа на смиреност.
МИА
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
