Македонија
29. December 2023 - 21:23
Koментари со навредлива содржина доминираат на социјалната мрежа „Фејсбук“ во Македонија
Македонија бележи растечки тренд на говорот на омраза на социјалните мрежи во последните години. Граѓаните најмногу си коментираат на „Фејсбук“. Експертите изворот на проблемот го гледаат во неказнивоста на институциите по овој основ. Децидни се дека истата трае со години.
Превенција и едукација се клучни решенија за оваа тематика, дециден е Кордалов. Голем дел од граѓаните додека го искажуваат мислењето не се ни свесни дека дискриминираат и шират говор на омраза.
Во последните четири години, официјалната статистика на МВР покажува растечки тренд на ваквиот вид коментари. Од 2020 година, па заклучно со месец ноември годинава, надлежните власти регистрирале 137 кривични дела по овој основ. А кривично пријавени се 104 сторители.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
