Македонија
18. November 2018 - 17:46

Комуналните инспектори се жалат на честите измени на законските регулативи

Законската регулатива е еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат комуналните инспектори од Македонија. Честите измени на регулативата биле сериозна пречка за нивно нормално и ефикасно функционирање бидејќи со секои измени наместо поедноставување постапките станувале се посложени. За овој проблем веќе разговарале и со премиерот од кој добиле ветување дека сето ова ќе биде надминато.

- Многу ни е тешко да работиме со постојани измени на регулативата. Се надеваме дека во иднина, а и премиерот ни вети дека нема да имаме толку менување на законодавството, дека ќе се стабилизира законодавството и ние како инспектори ќе бидеме по ефикасни на терен. Постапките наместо да бидат поедноставени, со секои измени постапките се посложени и посложени.

Дополнителен проблем  за ефикасно работење на  комуналната инспекција претставуваат и несовесните граѓани кои секојдневно фрлаат комунален отпад на места кои не се определени за,  но и малиот број на инспектори.

- Ние на помош имаме комунални редари, но сепак главниот товар е на комуналните инспектори. Добро би било да има барем уште по еден инспектор како што е согласно правилникот кој вика дека на секои 5000 жители е добро да има по еден комунален редар.

Од здружението на комунални инспектори на Македонија кое во Струмица го одржа редовното годишно собрание се надеваат дека во новиот закон за инспекциски надзор кој е во подготовка локаните инспектори да бидат вметнати во правилникот за ризик што не било случај до сега. Со прифаќањето на нивните предлози и подигањето на свеста кај граѓаните за пријавување на комунални проблеми веруваат дека состојбата на терен значително ќе се подобри.