Контролорите за летање нема да штрајкуваат
Контролорите на летање се премислија. Нема да штрајкуваат ниту во понеделник, ниту за Нова година. Синдикатот по двочасовниот состанок донел одлука да го прифати огласот за кој рекоа дека е спорен оти со него ќе се вработел и непотребен кадар.
„Имаме опција да прифатиме 10 оперативно потребни кадри и двајца неоперативни или да не прифатиме се. На сметка на тоа дека ако отпаднат тие што ни се потребни кадри за сметка на тие двајца што не се потребни, ќе се доведе во прашање опстанокот на самиот систем во техника кој е на стаклени нозе поради застареност“ – Александар Тасевски, Синдикат на контолори на летање
Сепак, синдикалците рекоа дека будно ќе го следат изборот на пријавените кандидати за да нема неправилности.
„Да се види како што стои и во колективниот договор, начинот на селекција на пријавените кандидати на овој конкурс. Другата е новонастанатата ситуација каде имаме 8 студенти контролори на кои се уште не им е продолжен договорот, а им истекува на крај на годината и се уште од министерство не е побарано продолжување на тој договор. И заради тоа што имаме полно луѓе кои живеат во странство и туристи кои сакаат да ја посетат Македонија, и заради тоа го прекинуваме односно го одложуваме штрајот“ – Едмонд Калиќи, Синдикат на контолори на летање
Ова е вторпат контролорите на летање да откажуваат штрајк. Тие и во октомври годинава се заканија дека ќе го затворат македонското небо, но по средбата со министерот за транспорт, и тогаш попуштија и не штрајкуваа.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
