Македонија
12. October 2022 - 19:44

Корупција - еден од топ 5 проблеми во Македонија

Борба со корупција - еден од топ 5 проблеми во Македонија, но дали се презема доволно за да се реши? Од сите страни кампањи и апели да се спречи еден од клучните проблеми кој го попречува развојот на земјава - од најситна секојдневна корупција, до крупна која доведува до нефункционални институции. Токму спречувањето на корупцијата беше тема на денешната тркалезна маса организирана од министерството за правда и УНДП каде беше претставена Конвенцијата на ОН со мерки како да се намали нивото на корупција.

Покрај корумпирани политичари има и корумпирани корпорации и затоа е потребен сеопфатен систем и конкретни чекори за спречување на корупцијата, сметаат од ДКСК.

Според УНДП корупцијата е болна точка за развојот на земјава и затоа спроведувањето на Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата е клучна точка за решавање на овој проблем со која се поттикне отчетност, интегриет и транспарентност и ќе се постигнат целите за одржлив развој.